17 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за внатрешни работи информира дека од утре граѓаните ќе имаат можност да ги ажурираат контакт-податоците поврзани со регистрацијата на нивните возила преку посебен шалтер „Безбеден град“, кој ќе биде сместен во Одделот за граѓански работи во зградата на Македонската телевизија (приземје) во Скопје.
На овој шалтер, граѓаните ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците што ги доставиле при регистрација на возилото, доколку во меѓувреме настанала промена или доколку добиле известување со неточни податоци. Од МВР појаснуваат дека истата постапка ќе може да се спроведе и преку станиците за технички преглед на возила низ државата, каде што е распореден деташиран референт на Министерството.
Шалтерот „Безбеден град“ ќе работи секој работен ден, во периодот од 08:00 до 17:00 часот.
Дополнително, граѓаните ќе имаат можност да доставуваат писмени забелешки, прашања или да пријават проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“ и по електронска пошта на адресата bezbedengrad@moi.gov.mk. Од Министерството нагласуваат дека сите пристигнати забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на системот и поефикасна комуникација со јавноста.
Со оваа мерка, МВР има за цел да обезбеди поголема точност на податоците, како и подобра информираност и услуга за граѓаните во рамки на системот „Безбеден град“.
ОЈО Скопје отвори предмет за „Зимзоленд“: Се испитува можна општа опасност
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

