07 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за внатрешни работи (МВР) неодамна склучи рамковна спогодба со компанијата „Смарт Солутионс“ за набавка на софтверот Cellebrite Inseyets Online Pro – алатка за дигитална форензика која, според светски медиуми и извештаи од Amnesty International, била користена од српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) за следење новинари и активисти. Со овој потег, македонските власти го отвораат прашањето: Дали се создава основа за нова ера на незаконско следење?
Во мај оваа година, МВР потпиша договор за годишни лиценци не само за Cellebrite Inseyets Online Pro, туку и за Recon ITR, Recon Lab, како и Exterro FTK Enforcement Bundle. Овие алатки се дел од арсеналот на најнапредни дигитални форензички технологии, кои овозможуваат извлекување податоци од мобилни уреди, дури и без пристап до лозинка.
Иако овие алатки можат да бидат корисни во борбата против организираниот криминал, нивната злоупотреба, како што покажуваат истражувањата на Amnesty International, е повеќе од загрижувачка.
Минатогодишниот извештај на Amnesty International насловен „Дигитален затвор“ документира како српските власти, преку производите на израелската компанија Cellebrite и шпионскиот софтвер NoviSpy, ги следеле и таргетирале новинари и активисти. Според извештајот, во најмалку два случаи, српската полиција ги користела алатките на Cellebrite за да отклучи Android уреди, а потоа тајно да го инсталира NoviSpy за време на притвор или полициски испрашувања.
NoviSpy, иако не толку софистициран како злогласниот Pegasus, сепак овозможува вклучување на микрофон, пристап до камери и собирање на лични податоци од уредите на метата. Amnesty посочува и конкретни случаи на злоупотреба, меѓу кои е и новинарот Славиша Миланов, чии телефони биле манипулирани додека бил во притвор.
Македонија веќе помина низ тежок период на масовно незаконско прислушкување, чија кулминација беше политичкиот скандал што го потресе целиот систем. Наместо да извлечеме поука, новите информации покажуваат дека државата можеби повторно оди во истиот правец – со уште пософистицирани алатки и без видлива јавна дебата или надзор.
Зошто МВР го избра токму овој софтвер, познат по својата злоупотреба од страна на авторитарни власти? Кој ќе ја врши контролата врз неговото користење и дали има механизми за спречување злоупотреба?
Информациите дека ваков софтвер е веќе во рацете на македонските институции не се само техничко прашање. Тие отвораат суштински дилеми за слободата на изразување, приватноста, и почитувањето на човековите права.
Ако софтверот кој БИА го користела за следење на активисти и новинари се најде во арсеналот на МВР, тогаш јавноста има право да праша:
Наместо транспарентност и одговорност, добиваме алармантни сигнали за можно враќање на практики од мрачното минато. Државата должи одговор на граѓаните: Зошто набавува софтвер со такво досие? И што точно е планот за негово користење?
Во време кога демократијата и правата се кревки, секоја технолошка алатка во рацете на државата мора да биде под строга јавна и институционална контрола. Во спротивно, Македонија може да се соочи со уште еден, можеби уште поголем, скандал на прислушкување – а овојпат, никој нема да може да каже дека не сме биле предупредени.
В'лчев со критики за ЕУ-извештајот: Не е работа на парламентот да признава идентитет
Приведен возач во Кавадарци поради управување со возило под дејство на алкохол