МАКЕДОНИЈА

Моќен говор на Славчо Димитров: „Смрт за хетеропатријархатот, смрт за хетерофашизмот!“

26 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Годинешната Парада на гордоста во Скопје заврши со силна и емотивна порака од активистот и интелектуалец Славчо Димитров, кој од бината пред Владата упати критика до системот, политичките елити и доминантната култура на игнорирање и репресија врз маргинализираните заедници.

„Одбиваме да бидеме деполитизирани и претворени во парада за корпорациски маркетинг,“ изјави Димитров, потенцирајќи дека Парадата не е место за испразнета веселба, туку простор за отпор, бес и протест. Тој зборуваше за насилството, болката и понижувањето што ЛГБТИ+ луѓето секојдневно ги преживуваат, но и за нивната колективна сила, радост и љубов како политички чин.

Посебно место во говорот заземаа и 62-та жртви од трагедијата во Кочани, за кои Димитров рече дека се последица на системска корупција и запоставеност: „Да ви каже педерот од Кочани: Никогаш нема да ви прости ни Кочани, ни целиот народ за ова.“

Тој остро ги осуди обидите за замолчување и уцена на семејствата на жртвите и побара одговорност од сите кои дозволиле такви трагедии да се случат.

Во завршницата, Димитров ја насочи пораката кон вистинскиот проблем – економската и политичката елита: „Нашите транс сестри и браќа не се вашиот проблем. Вашиот проблем се богаташите кои ве цедат, корумпирани партии и алчни политичари.“

Својот говор го заврши со јасна и бунтовна порака: „Транс жените се жени, транс мажите се мажи. Смрт за хетеропатријархатот! Смрт за хетерофашизмот!“

Настапот на Димитров ја потврди Парадата на гордоста како сцена на политички отпор, борба за човекови права и јасен повик до сите – да не молчат пред неправдата.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени