МАКЕДОНИЈА

Мојсоска: Ангелов призна дека купувањето противпожарни возила е скапо, затоа користат воени и полициски

03 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, преку објава на Фејсбук остро го критикуваше Стојанче Ангелов, функционер во актуелната влада, за неговата изјава дека купувањето нови противпожарни возила е „скапо“ за државата. Според Ангелов, наместо да набави нова опрема, владата се одлучила да прилагоди армиски и полициски возила за гаснење пожари.

Мојсоска потсети дека истата влада се задолжила со шест милијарди евра кредит, а сега нема средства за основна безбедносна опрема.

„Да не земавте кредити за да ги покривате долговите на неспособните вмровски градоначалници, сигурно од тие средства ќе останеа пари за купување противпожарни возила – што е прашање на елементарна безбедност,“ напиша Мојсоска.

Таа оцени дека Македонија најверојатно ќе остане запаметена како единствена држава што се задолжува со милионски суми за, како што наведе, „паркчиња, асфалтирање улици, канализации и фарбање камења што треба да личат на велосипедска патека“, додека за набавка на противпожарна механизација нема пари.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени