01 март 2026
• од Гоце Кически
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, со министар Тимчо Муцунски, соопшти дека изразува целосна поддршка и солидарност со Кралството Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Државата Катар, Државата Кувајт, Кралството Бахреин и Хашемитското Кралство Јордан, чии граѓани, според официјалната изјава, се соочуваат со неоправдани напади од страна на иранскиот режим.
Во соопштение на Х, МНРНТ нагласува дека најостро ги осудува сите напади насочени кон „нашите пријатели и партнери“, потенцирајќи дека нарушувањето на суверенитетот и таргетирањето цивили претставуваат сериозно прекршување на основните принципи на меѓународното право.
„Недвосмислено го осудуваме секој напад врз нашите пријатели и партнери. Повредата на суверенитетот и нападите врз цивилното население се неприфатливи и се во директна спротивност со темелните начела на меѓународното право“, се наведува во реакцијата на Министерството.
Од МНРНТ истакнуваат дека мирот, безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток не се апстрактни поими, туку клучни предуслови за пошироката глобална стабилност. Во тој контекст, се нагласува дека овие вредности мора да бидат заштитени преку почитување на меѓународното право и принципите на Повелбата на Обединетите нации.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

