13 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Денес, на Меѓународниот ден на младите, Македонија повторно се соочува со болната вистина: генерации полни со енергија, знаење и соништа сè почесто ја бараат својата иднина далеку од домот. Причината не е недостаток на љубов кон татковината, туку чувство дека овде нема простор за нивните амбиции.
Состојбата е алармантна. Според податоците на ХЕРА:
Овие бројки не се суви статистики – тие претставуваат вистински животи, изгубени можности и генерација која расте со чувство дека не е слушната.
Сликата за менталното здравје е особено загрижувачка.
Кај девојчињата на 15 години:
Паралелно, насилството е во пораст, а системската поддршка е недоволна и недостапна.
Младите не заминуваат само поради економски причини. Невработеноста, недостигот од безбедни простори за собирање, ограничени културни и образовни можности, изолацијата од глобалните трендови и недостапните услуги за ментално и физичко здравје – сите заедно создаваат чувство на безнадежност. Речиси секој четврти млад човек е „заглавен“ – ниту учи, ниту работи, ниту се обучува.
Не бараат милост, ниту кампањи со празни слогани. Бараат:
На младите не им треба билет во еден правец – им треба причина да останат. И тоа не е работа само на институциите, туку и на целото општество. Ако сакаме иднина, мора да им ја создадеме овде, а не да ги поздравуваме на аеродром.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден