18 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во една од своите подкаст изјави, српскиот публицист и историчар Мирољуб Петровиќ изнесе контроверзни ставови за револуционерот Гоце Делчев, кој традиционално се смета за еден од најголемите македонски национални херои.
Петровиќ во своето обраќање остро го оспорува ликот и делото на Делчев, нарекувајќи го „бугарски терорист“ и тврдејќи дека неговата мисија не била борба за слобода, туку окупација на Македонија.
„Гоце Делчев е бугарскиот терорист Гоце. Читајте ја неговата биографија дури и на ‘Порнопедија’ – така ја викам Википедија. Таму убаво пишува каде се школувал тој бугарски терорист. Се школувал по бугарски училишта, завршил бугарска воена академија. Но не ја завршил таа академија за да ја брани Македонија, туку за да ја окупира и тероризира Македонија,“ изјави Петровиќ.
Тој дополнително нагласи дека е „најголема брука и срам“ што ликот на Делчев е поставен во центарот на македонската историја и национален идентитет. „Каков Гоце Делчев… тоа е најголемата брука и срам, но тоа е во окупирана Македонија,“ додаде тој.
СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден