08 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Во последниот период, во јавниот дискурс се актуелизира темата за македонскиот идентитет, посебно во контекст на историските личности. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неколку наврати се повика на имиња како Гоце Делчев, Браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев и Илинденското востание како симболи на "многувековниот македонски идентитет". Но дали самите овие историски личности се идентификувале како Македонци, онака како што се разбира тој поим денес?
Во овој контекст вреди да се погледне едно конкретно сведоштво – писмо на самиот Кузман Шапкарев, напишано во 1900 година и испратено до Народното собрание во Софија. Во ова писмо, Шапкарев, еден од најистакнатите преродбеници од Македонија, детално ги опишува своите заслуги за просветното и националното движење во Македонија. Она што особено паѓа во очи е неговото самоопределување:
„72-годишен, родом Бугарин од гр. Охрид (Македонија)“
Ова јасно покажува дека Шапкарев, и покрај своето потекло од Македонија, се сметал себеси за Бугарин. Во писмото тој нагласува дека цели 26 години работел како учител и народен деец „во много градове из Македония“, каде учел на бугарски јазик, борејќи се против грчкото влијание во училиштата и црквите.
Особено значајно е неговото учество во отворањето на бугарската гимназија во Солун, за која вели дека „во многу кратко време ги надминала сите други училишта од тој вид“ – јасно ставајќи ја својата просветителска мисија во рамките на бугарското национално движење.
Шапкарев, освен што се самоидентификува како Бугарин, користи и јазик кој рефлектира бугарска национална свест:
„…съм ратувал както устно, чрез живо слово, така и писменно чрез печата за в полза на всестранното ни възраждание.“
Тој зборува за „наше възраждание“ – преродбата, која историски се поврзува со бугарското национално будење од 19 век.
Иако денешната македонска историографија гледа на Шапкарев како на дел од македонската преродба, оригиналните документи покажуваат поинаква слика – онаква каква што и самите дејци на тоа време ја имале за себе. Ова не го негира нивното потекло од Македонија, но укажува на сложениот процес на формирање на националниот идентитет и на фактот дека историските личности не секогаш може да се прикажат еднострано низ современи политички призми.
Кога Мицкоски повикува на „многувековен македонски идентитет“ преку имињата на Шапкарев и Делчев, потребно е внимателно да се прочитаат изворите. Кузман Шапкарев бил несомнено значајна личност од просторот на Македонија, но неговиот личен идентитет, како што тој сам го сведочи, бил бугарски. Историјата не треба да се прекројува по дневнополитички потреби, туку да се чита критички, од сите страни, и со почит кон фактите.
Линк од целото писмо испратено од Шапкарев до бугарскато собрание
Инфлацијата достигна 4,5% – СДСМ обвинува за економска неспособност на Владата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден