05 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
На претстојниот 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи во сабота во Кавадарци, премиерот и лидер на партијата Христијан Мицкоски извесно е дека ќе биде реизбран за претседател на партијата, бидејќи е единствениот кандидат. На настанот ќе присуствуваат 860 делегати и околу 1.800 гости, а слоганот на конгресот ќе гласи: „Визија што гради држава за генерација што доаѓа – 2030 година“.
На конгресот ќе биде усвоен стратешки документ под наслов „Стратегија Македонија 2030“, кој претставува визија за идниот развој на државата, како и партиска и државна програма на ВМРО-ДПМНЕ. Документот подразбира долгорочна политичка стабилност и надеж за континуитет на владеење најмалку до 2030 година.
Мицкоски истакна дека партијата за првпат нема долгови и нема изложеност кон банки, иако нејзиниот имот останува замрзнат, што тој го оцени како неправеден потег на судот.
Премиерот најави реконструкција на Владата напролет, при што не се исклучува рокада на ресори меѓу коалициските партнери. Реконструкцијата на институциите е планирана да заврши до почетокот на летото, со што би се оформил нов состав кој ќе се подготвува за следните избори, кои според Мицкоски се очекуваат во пролетта 2028 година, доколку нема големи политички промени.
Во партијата, се разгледува можноста да се укине функцијата потпретседател, со цел да се избегне фаворизирање при идниот избор на лидер. Комплетното структурирање на партијата се очекува да заврши до крајот на март.
Мицкоски посочи дека засега нема нови иницијативи од страна на Бугарија во однос на билатералните односи, и покрај обидите на ЕУ и одредени држави за организирање на состаноци на високо ниво.
Премиерот ја потенцираше важноста за расчистување на позициите – дали прашањето е билатерално или европско. Во зависност од тоа, Скопје е подготвено да преговара било во Софија или во Брисел.
На прашање во врска со предлог-резолуцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, Мицкоски одговори дека не се планира одговор од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, роковите и „црвените линии“ поврзани со уставните измени не се предмет за разгледување од страна на владејачката партија во моментов.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

