06 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Премиерот Христијан Мицкоски предупреди дека државниот Буџет се соочува со сериозни финансиски предизвици, со дневни загуби кои достигнуваат најмалку еден милион евра, додека истовремено доспеваат и обврски за враќање на долгови во висина од околу 2,5 милијарди евра.
И покрај ваквата состојба, Мицкоски порача дека нема простор за паника, очај или создавање страв кај граѓаните. Според него, Владата има јасен план и стратегија за справување со економските предизвици и стабилизирање на финансиската состојба.
„Сега нема да очајуваме и кукаме. Тоа е што е. Проблемот е тука. Јас не мислам да беседам на прес-конференции и да очајувам и да создавам паника кај граѓаните. Ние како влада ја владееме ситуацијата, точно знаеме каде одиме и немаме никаква дилема“, изјави премиерот.
Тој призна дека состојбата е тешка, нагласувајќи дека се наталожиле повеќе финансиски обврски во ист период. Освен отплатата на долговите, државата се соочува и со враќање на таканаречениот солидарен данок, како и со зголемени расходи поради исплата на плати според новите колективни договори, што започнува од април.
Дополнително, економската ситуација е усложнета и од надворешни фактори. Зголемените цени на горивата, како последица на воениот конфликт на Блискиот Исток, веќе влијаат врз глобалните берзи и носат ризик од нов инфлаторен притисок, особено во текот на март.
Сепак, Мицкоски останува оптимист дека државата ќе успее да се справи со предизвиците.
„Тешко е. Не е лесно. Многу ни се собра… но тоа е што е – нема да очајуваме, ќе се бориме“, порача премиерот, потенцирајќи дека Владата останува фокусирана на економска стабилизација и одржување на финансиската дисциплина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

