МАКЕДОНИЈА

„Мене ќе ме утепаат“ – Арсовска алармира за закани: Ова ли е држава?

31 мај 2025

• од Станча Јаќимовски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, остро реагираше поради континуираните закани со кои, според неа, се соочува веќе четири години, без никаква реакција од надлежните институции.

„Мене ќе ме утепаат“, изјави Арсовска, потенцирајќи дека е недозволиво градоначалник на главниот град да биде мета на закани, а институциите да остануваат неми. Таа праша каква држава сме ако првите луѓе на најголемите општини не можат да бидат заштитени.

Арсовска изрази разочараност и поради односот на органите на прогонот, за кои вели дека наместо да се справат со криминалот, ги штитат криминалците и ги гонат оние што ги пријавуваат. „Градоначалник на главен град да пријавува криминал, а институциите да не постапуваат, туку да се стават во служба на криминалот – тогаш можам слободно да констатирам дека не заслужуваме држава“, изјави таа.

Во својата реакција Арсовска отиде и чекор понатаму, со оценка дека по сето ова што се случува, „можеме слободно да се самораспуштиме како држава“.

Изјавите на Арсовска предизвикаа бурни реакции во јавноста, отворајќи сериозни прашања за безбедноста, одговорноста на институциите и владеењето на правото во Македонија.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени