14 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Пожарот што од вчера ја вознемири скопската котлина избувна во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад во Трубарево, што предизвика сериозна загриженост за евентуално испуштање на токсични материи во воздухот.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој ноќеска околу 02 часот лично изврши увид на опожарената локација, ја потврди информацијата и нагласи дека ситуацијата е ставена под контрола.
„Дојдов во Трубарево и од терен со свои очи го видов ужасот што го предизвика овој сериозен инцидент“, изјави Меџити. Тој им порача на граѓаните дека навремената интервенција на надлежните служби спречила поголема катастрофа и дека моментално се спроведуваат сите потребни мерки за заштита.
Министерот информираше дека од вчера попладне, од 14:00 часот, инспектори се на терен и вршат мерења на загадувањето. Првите резултати од Државниот инспекторат и од специјализираните лаборатории се очекуваат наскоро и ќе бидат јавно достапни веднаш по обработката.
„Граѓаните треба да ги следат препораките на институциите за заштита на здравјето додека трае мониторингот“, порача Меџити.
Во однос на правниот статус на компанијата, министерот соопшти дека објектот во кој избувнал пожарот поседува десетгодишна дозвола за работа издадена во 2021 година.
„Во тесна соработка сме со сите институции за што побрзо и поефикасно надминување на оваа несреќа“, додаде тој.
Чупеска: Владата се крие зад „хибридни напади“ наместо да решава проблеми
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден