29 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
На сериозни неправилности околу дискотеката „Пулс“ укажаа вчера на единаесеттиот „Марш на ангелите“ во Кочани родителите и роднините на загинатите и повредените млади луѓе во трагедијата од март годинава.
Тие побараа одговорност не само од сопствениците на дискотеката, туку и од полицајците кои вечерта интервенирале, како и од директорот и медицинскиот персонал во кочанската болница, обвинувајќи ги дека немале соодветни материјали и кислород за да им помогнат на повредените.
Родителите и роднините побараа одговорност и од локалните власти и инспекциите, а истакнаа дека се незадоволни од обвинението со кое 34 физички и три правни лица се товарат за трагедијата.
– Тоа нема да ни ги врати децата. Да беше затворена дискотеката затоа што немала дозвола, немаше да загинат нашите деца – изјави една од мајките.
Вчера повторно, во 18.05 часот, облечени во црно и носејќи ги фотографиите на своите деца, прошетаа низ Кочани, застанаа пред полицијата, обвинителството и судот, и ги упатија своите пораки до властите.