20 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Обвинетиот Велибор Манев, еден од соучесниците во случајот за бруталните убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, во својот завршен збор пред судот изнесе сериозни обвинувања. Според него, лицето што го уништило оружјето со кое беа извршени убиствата е Зоран Давитков, вработен во Народна банка и член на политичката партија Десна.
Манев, кој претходно призна вина за соучество, изрази длабоко жалење за својата вмешаност и рече дека цел живот ќе се кае што му верувал на главниот обвинет Љупчо Палевски – Палчо. Тој изјави дека бил манипулиран да мисли оти се работи само за грабнување, не и за ликвидации.
„Бидејќи ме нарече лажго и сака да ми натовари вина дека јас сум ги убил Вања и Панче, еве ќе кажам дека лично тој ми се јави од турската граница и ми рече да му се јавам на Зоран Давитков од Народна банка, член на Десна“, рече Манев во судница, пренесе СДК.мк.
Според неговото сведочење, Палевски му наредил да го контактира Давитков за да го отстрани таканаречениот „пакет“ – ранецот со оружјето – и да го уништи, за да не останат докази. Манев тврди дека ја пренел пораката и го известил Палевски, кој во тој момент бил во бегство.
„Лажев за него, иако го има на камерите“, додаде тој, алудирајќи на видеоматеријали кои наводно го потврдуваат неговото учество.
Манев заврши со изјава во која повторно нагласи дека бил измамен од Палевски, човек кому, како што рече, „душата му ја дал на тацна“.
„Испаднав голема наивна будала која си го зацрни животот и си ги изгуби пријателите, не само во Македонија“, изјави Манев со каење.
Судењето за овој монструозен двоен злочин продолжува да ја бранува јавноста, додека судот се подготвува да донесе пресуда. Обвинителството бара доживотни казни затвор за организаторот и директните извршители.