26 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне во скопското село Долно Коњари, кога малолетник управувајќи патничко возило удрил во паркиран автомобил и пешак, кој поради сериозните повреди се бори за живот.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 25 јануари 2026 година околу 11:30 часот. Патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетно лице, излетало од патот и најпрво удрило во паркирано возило, по што удрило и во пешакот И.Ф.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и итно бил пренесен во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, каде лекарите констатирале животно загрозувачка состојба.
За настанот е известен дежурен јавен обвинител за малолетници, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста.
Истрагата е во тек, а повеќе детали се очекуваат во текот на деновите што следуваат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

