07 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка против 17-годишно момче, осомничено дека се обидело да го убие сопствениот татко. Против него постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Според информациите од ЈОРМ, случајот се случил во семејниот дом на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје. Малолетникот, вршејќи семејно насилство, со умисла се обидел да го лиши од живот својот татко.
Додека таткото бил во спалната соба, осомничениот му пришол од зад грб и со остар предмет му нанел десет убодни рани. Во моментот на нападот во близина била и мајката, која успеала да го оттурне синот и веднаш повикала медицинска помош.
Жртвата е пренесена на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е извршен итен оперативен зафат. Според обвинителството, и покрај интервенцијата, таткото се наоѓа во живото-загрозувачка состојба.
Со оглед на сериозноста на делото, јавниот обвинител до судија за деца предложи на малолетникот да му биде изречена мерка притвор, согласно Законот за правда за децата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден