30 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот министер за надворешни работи на независна Македонија, Денко Малевски, во интервју за БГНЕС остро порача дека Северна Македонија нема алтернатива освен исполнување на преземените обврски кон Европската унија, вклучително и оние поврзани со односите со Бугарија.
Коментарите на Малевски доаѓаат во контекст на изјавата на актуелниот премиер Христијан Мицкоски, кој неодамна порача дека „додека е тој премиер, нема да има уставни измени“.
Според Малевски, позицијата на Бугарија во процесот е силна, како поради нејзиното членство, така и поради поддршката што ја има во рамки на Европска унија. „Обврската на македонската влада и позицијата на Европската унија мора да бидат исполнети. Нема друг пат“, нагласи тој.
Тој потсети дека државата со децении стагнирала во евроинтегративниот процес поради билатерални спорови. „25 години стоевме во место со Грција. Сега повторно стоиме во место веќе 5–6–7 години. Францускиот предлог беше добро решение – да не стоиме во место, туку да преговараме, да се движиме кон членство и паралелно да ги разгледуваме несогласувањата“, изјави Малевски.
Поранешниот министер оцени дека сегашната власт го третира францускиот предлог како „грешка“ или „предавство“, што, според него, не е во согласност со принципите на либералната демократија. Тој потсети дека претходната влада се обидела да најде компромисно решение, но не успеала да обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени во Собранието.
„Двете страни сме обврзани со Договорот за добрососедство. Многу е лошо кандидатот да остане надвор од процесот. Со ваква внатрешна политика, ние самите се држиме надвор од него. Тоа е реалноста што ја произведува македонскиот политички процес“, заклучи Малевски, повторувајќи дека евроинтеграцијата нема алтернатива.
Не Бугарија, не Брисел – туку Мицкоски: вистинската причина за застојот кон ЕУ
Кривична пријава против Марко Беслимовски за штета од над 14 милиони денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

