22 јануари 2026
• од Гоце Кически
Додека во многу европски земји работата за време на школување е вообичаена и поддржана од државата, во Северна Македонија младите и понатаму тешко наоѓаат работа, дури и по завршување на образованието. Податоците на ЕВРОСТАТ покажуваат дека во Европа секој четврти млад човек работи додека учи, но кај нас ова сè уште е реткост.
Во земјава, само мал дел од младите имаат работа. Околу една петтина од младите на возраст од 15 до 24 години се вработени, а и кај оние до 29 години, речиси половина воопшто не се активни на пазарот на трудот. Тоа значи дека многу млади или само учат без никакво работно искуство, или воопшто не работат и не бараат работа.
Особено загрижувачки е големиот број млади кои не учат, не работат и не се обучуваат за никаква професија. Станува збор за млади кои остануваат целосно надвор од општеството и економијата, без перспектива и без поддршка.
За разлика од земји како Холандија, Данска и Германија, каде што многу млади работат додека студираат и тоа најчесто во области поврзани со нивното образование, во Македонија ваквата работа најчесто е нерегулирана. Студентите работат без договори, со ниски плати и без здравствено и пензиско осигурување, што повеќе личи на борба за преживување отколку на подготовка за идната кариера.
Дополнителен проблем е и нееднаквоста меѓу жените и мажите. Иако девојките почесто продолжуваат на факултет, тие потешко наоѓаат работа и почесто остануваат дома по завршување на студиите. Ова ја продлабочува разликата и ги ограничува можностите за економска независност кај младите жени.
Споредбата со Европа јасно покажува дека додека таму главниот предизвик е како да се усогласат учењето и работата, во Македонија проблемот е многу подлабок. Недостигот од работа за млади, слаба поддршка за студентска работа и големиот број млади кои остануваат без насока укажуваат на систем кој сè уште не знае како да им помогне на младите да преминат од училиште кон стабилна работа.
Бугарија привлекува нова голема инвестиција: 10 милиони евра за фабрика во Бургас
77 милиони денари за храна во Идризово, студентите добиваат трипати помалку
„Стратешко партнерство“: Македонија без покана од Трамп за „Одборот за мир“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

