МАКЕДОНИЈА

Македонија станува се поувозно зависна: Јадеме месо од Бразил и Тајланд

19 мај 2025

• од Вардарски

Македонија денес се соочува со сериозна закана по својата прехранбена самостојност – драматичниот пад на сточниот фонд ја прави земјата сè повеќе зависна од увозот на месо. Говедското, свинското и пилешкото месо сè почесто пристигнуваат од дестинации како Бразил и Тајланд, што предизвикува сомнежи кај граѓаните околу квалитетот и безбедноста на она што го јадат.

Според професорката Александра Силоска Николоска од Земјоделскиот факултет, ситуацијата со сточниот фонд е алармантна. Таа истакнува дека Македонија речиси и да нема сопствени ресурси за индустриска преработка на месо. „Говедското и пилешкото го увезуваме, свинското не ни е доволно ни за свежа потрошувачка, а јагнешкото кое некогаш беше наш препознатлив производ, се одгледува сè помалку“, нагласува таа.

Проблемот, како што објаснува Николоска, не е само економски, туку и демографски – селата се празнат, а младите сè поретко се одлучуваат за земјоделие и сточарство. Без силна и јасна државна стратегија за стимулирање на домашното производство, состојбата тешко ќе се подобри.

Професорката Биљана Ристаќоска Ширговска од Факултетот за земјоделски науки и храна укажува дека Македонија денес 70% од своите потреби за храна ги задоволува преку увоз. Таа го гледа спасот во зголемениот интерес кај младите за враќање кон локалното производство: „Пандемијата покажа дека имаме капацитети и услови за производство на здрава и безбедна храна. Сега е време државата да го поддржи тој ентузијазам“.

Сликата е парадоксална – земја која некогаш била позната по производство на храна, денес се потпира на увоз за најосновните намирници. Млекото и брашното ги носиме од Србија, зеленчукот од Албанија, Грција и Турција, додека илјадници хектари земјоделска површина кај нас остануваат необработени.

Експертите се согласни – ако не се преземат итни мерки за обновување на сточниот фонд и земјоделското производство, Македонија ќе ја загуби и последната шанса да ја врати контролата над сопствената исхрана. Време е за сериозна, долгорочна стратегија, поддржана од државата и насочена кон развој на руралните средини, поддршка за младите земјоделци и инвестиции во модерни земјоделски технологии.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени