16 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Оваа година, шумските пожари во Македонија предизвикале огромни штети врз шумските површини, при што биле уништени околу 275 илјади кубни метри дрва. Според директорот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, Здравко Трајанов, од почетокот на годината до сега се евидентирани 167 шумски пожари, кои зафатиле површина од над 17 илјади хектари низ целата територија на државата.
„Оваа година, до овој момент, имаме регистрирано 167 шумски пожари. Станува збор само за пожари во рамки на шумски подрачја. Вкупно се зафатени 17.422 хектари, а изгубени се околу 275 илјади кубни метри дрва,“ изјави Трајанов.
Директорот Трајанов објасни дека ситуацијата внимателно ќе се следи на терен. Дел од дрвната маса ќе се отстрани од изгорените подрачја, додека друг дел – таму каде што условите го дозволуваат – ќе се обновува преку пошумување. И покрај штетите, тој нагласи дека состојбата е подобра од минатата година, кога биле зафатени поголеми површини.
Од 2000 година досега, според официјалната статистика, во Македонија се евидентирани над 5.300 шумски пожари, кои зафатиле приближно 270 илјади хектари шумски терен.
„Од 2000 година наваму имаме регистрирано околу 5.386 пожари, кои зафатиле околу 270 илјади хектари. Сепак, тоа не значи дека сите тие површини се изгубени засекогаш, бидејќи природата има способност да се регенерира,“ додаде Трајанов.
Иако штетите од пожарите се значителни, експертите истакнуваат дека дел од шумите природно се обновуваат со текот на времето. Тоа значи дека изгубените површини не претставуваат трајна загуба, бидејќи дел од нив се самообновуваат, а останатите ќе бидат пошумени во наредниот период.
Овој податок ја потсетува јавноста на потребата од поголема превенција и одговорност во справувањето со пожарите, како и на значењето на шумите за екосистемот и квалитетот на животната средина.
Филипче: Оваа влада не ги решава проблемите на граѓаните, туку ги игнорира
ШОК СНИМКИ: Градоначалник барал бакнежи и жени во скут – јавноста згрозена
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден