24 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски информираше дека Европската комисија официјално ја потврдила суспензијата на исплатите од програмата ИПАРД за Северна Македонија, и тоа на неопределен рок.
Во својата реакција, Николовски – актуелен пратеник и опозициски претставник од СДСМ – наведе дека уште пред повеќе од еден месец понудил помош, конкретни идеи и решенија со цел да се избегне ваквиот исход, но дека надлежните институции не реагирале навреме.
„Не слушаа, не работеа и ова е цената. Наместо работа, добивме криење, лаги и дефокусирање. Последицата е јасна: најважната европска програма за развој на земјоделството е запрена, а земјоделците и компаниите кои со месеци чекаат инвестиции остануваат со празни раце, со единствена надеж дека ќе дојдат подобри времиња, бидејќи од оваа влада е јасно дека нема за што да се надева“, напиша Николовски.
Програмата ИПАРД, преку која се доделуваа грантови за земјоделство и рурален развој, е суспендирана по апсењето на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Овој потег предизвика сериозна загриженост кај земјоделците и деловниот сектор, кои очекуваа финансиска поддршка за нови инвестиции и развојни проекти.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

