МАКЕДОНИЈА

Љубчо Георгиевски: Титовите комунисти убиле 80.000 Германци во Војводина и протерале стотици илјади Италијани

02 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски изјави дека по Втората светска војна, на територијата на поранешна Југославија, особено во Војводина и Истра, биле извршени масовни злосторства врз германското и италијанското население.

Георгиевски се повикува на историски извори и сведоштва кои, според него, сведочат дека во Војводина биле убиени околу 70.000 до 80.000 етнички Германци од страна на југословенските комунистички власти. Освен тоа, преживеаните биле целосно лишени од граѓански права — им било забрането да работат, да гласаат, и воопшто да учествуваат во општествениот живот, што довело до нивно масовно иселување.

„Значи буквално им е одземено сè, тотално граѓанските права,“ посочи Георгиевски, додавајќи дека голем дел од преживеаните подоцна побегнале во странство.

Слична судбина, според него, доживеале и Италијаните од територијата на Истра и околината на Задар. Георгиевски изјави дека се проценува оти биле масакрирани околу 30.000 до 40.000 Италијани, додека бројот на иселени и протерани достигнал околу 300.000.

„Италијаните, кои биле автохтони на тие територии, биле принудени да си заминат од своите родни краеви,“ рече Георгиевски, оценувајќи ја оваа политика како де факто геноцидна, спроведена од страна на југословенскиот комунистички режим по Втората светска војна.

Тој додаде дека овие настани и денес се малку познати во јавноста, и оти историската вистина за страдањата на германските и италијанските заедници во Југославија се уште не е целосно истражена.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени