27 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во своето гостување зборуваше за, според него, вистинските причини поради кои Јосип Броз Тито се определил за комунизмот и се вклучил во движењата поврзани со Комунистичката интернационала.
Георгиевски тврди дека токму во моментот кога Коминтерната започнала да исплаќа сериозни хонорари и плати за своите активисти низ Европа, многу функционери — меѓу нив и Тито — виделе шанса за личен интерес.
„Таа тема е веќе отворена, гледаме дека во Бугарија се споменуваат и суми, анализи на целата таа работа. Практично сите комунистички функционери добивале дебели хонорари од Советскиот Сојуз, а секоја акција посебно била хонорарно наградена,“ изјави Георгиевски.
Тој дополнително истакна дека платите кои ги примале главните членови на централните комитети биле споредливи со платите на генерали од тоа време — без разлика дали станувало збор за Бугарија или за Југославија.
„Толку биле високи платите на комунистичките активисти,“ рече Георгиевски, наведувајќи дека овие финансиски стимулации биле клучни за ангажманот и ширењето на комунистичките идеи во регионот.
Според Георгиевски, тоа отвара сосема нова перспектива за историската улога на Тито, сугерирајќи дека идеологијата не била единствениот, па дури ни главниот мотив зад неговиот подем во комунистичкото движење.