МАКЕДОНИЈА

Љубчо Георгиевски со бомба: Дедото на Груевски бил дел од бугарскиот пречек во Штип 1941

09 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски неодамна предизвика вистинска бура во јавноста со своето тврдење дека дедото на Никола Груевски, Михаил Д. Мијалков, бил дел од одборот за пречек на бугарската војска во Штип. Новообјавени податоци од бугарската Државна агенција „Архиви“ ја потврдуваат оваа изјава со конкретни историски докази.

Според документот, на 21 ноември 1941 година, во окупираниот Штип, е основан „Општограѓански национален клуб Благој Монев“. Овој клуб, отворено ориентиран кон промовирање на бугарскиот национализам, имал за цел обединување на „здравите национални сили“ и „приопштување на Македонија кон Мајката Татковина – Бугарија“.

Во управата на клубот биле:

  • д-р Тодор Гичев – претседател,
  • Димитар хадџи Глигоров и свештеник Методи Гогов (подоцна познат како архиепископ Михаил) – потпретседатели,
  • Павле Михајлов Гаврилов (брат на Ванчо Михајлов) и Љубен К. Мировски – секретари.

Меѓу активните членови се споменува и Михаил Д. Мијалков, дедото на Никола Груевски и на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. Во клубот членувале и Васил Гранков, Славко Грличков, Ѓошо Д. Гочев и други видни штипски граѓани, кои учествувале на основачкото собрание заедно со познатиот ВМРО-деец Димитар Чкатров, како и со Димитар Ѓузелов и Михаил Икономов.

Клубот јавно се залагал за:

  • јакнење на бугарската национална свест,
  • ширење љубов кон „Царот, Државата и Татковината“,
  • културно и просветно обединување со Бугарија,
  • обединение на сите Бугари во „голема и моќна Бугарија“,
  • борба против „враждебните елементи на бугарштината“.

Овие историски факти фрлаат сосема ново светло врз семејното потекло на Груевски и врз идеолошкиот контекст од кој доаѓа. Особено контроверзно делува ваквото минато ако се земе предвид дека токму Никола Груевски беше еден од најгласните застапници на македонскиот патриотизам и антибугарска реторика за време на своето владеење.

Проблемот не е само во историската вистина, туку во контрадикторноста меѓу личната и семејна биографија и политичката платформа што се нудеше на јавноста. Како ќе реагира македонското општество и неговите институции по обелоденувањето на овие факти – останува да се види.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени