МАКЕДОНИЈА

Љубчо Георгиевски: МПЦ е проект на УДБА и КПЈ за контрола на дијаспората

27 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Во четвртата епизода на подкастот „Македонска историја со Љубчо Георгиевски“, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски изнесе уште една шокантна историска теза – Македонската православна црква (МПЦ) не била создадена од народна духовна потреба, туку од политичка стратегија на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ).

„МПЦ е создадена во 1967 година од КПЈ – не како национален духовен проект, туку како алатка за контрола врз дијаспората“, вели Георгиевски.

Според него, клучната причина за создавањето на МПЦ била да се спречи масовниот премин на Македонците во САД и Канада во редовите на МПО (Македонска Патриотска Организација), која во тоа време била антикомунистички ориентирана и политички влијателна меѓу македонската емиграција.

Георгиевски нагласува дека со создавањето на МПЦ, КПЈ сакала да понуди „контраструктура“ која ќе ги задржи Македонците под југословенско и социјалистичко влијание, дури и кога тие живеат во странство.

„Црквата не ја создадоа за духовно будење, туку за да се спречи националното будење под туѓо влијание – особено на МПО“, додава Георгиевски.

Оваа теза отвора важно прашање – колку од институциите во Македонија се создадени како автентичен израз на волјата на народот, а колку се резултат на идеолошки и геополитички калкулации?

Погледнете ја целата епизода тука:

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени