18 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО–ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, повторно ја отвори темата за српските политички наративи во регионот, коментирајќи ја тезата дека „Србите се загрозени во Македонија“. Според него, оваа теза е дел од стар, но обновен регионален наратив кој традиционално се појавува секогаш кога ќе се критикува концептот на „Српскиот свет“.
Георгиевски наведува дека оваа теза ја слушнал по петти пат, последниот пат на новиот информативен канал „Newsmax Balkans“, медиум што, според него, функционира како експонент на пропагандата за „Голема Србија“. Во интервјуто на овој канал со Ивица Боцевски и Драган Милослављевиќ, повторно било нагласено дека српската заедница во Македонија наводно е под притисок.
Поранешниот премиер истакнува дека оваа теза не е резултат на реални состојби, туку реакција на одредени кругови кои се чувствуваат навредени кога некој ќе го критикува проектот „Српски свет“ или ќе го оспори митот за „ослободувањето на Старa Србија“.
„Зарем секое несогласување со нечија националистичка агенда значи дека Србите се загрозени?“ – прашува тој.
Според Георгиевски, тезата дека Србите се загрозени во Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, а сега и во Македонија, не е нова. Напротив, тој смета дека се работи за „нов сезонски циклус на вампиризирање на идејата за Голема Србија“, кој има за цел да создаде чувство на константен притисок и опасност врз српското население на Балканот, без оглед на фактичките услови.
Ахмети му честита на Хамза: ПДК е државотворна партија и наследничка на УЧК
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

