МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода разбојник во Битола: Расчистени три разбојништва, украденото вратено на сопственичките

30 мај 2025

• од Станча Јаќимовски

На 29 мај 2025 година, полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола го лишија од слобода С.С. (23) од Битола, поради основано сомнение дека сторил три разбојништва на подрачјето на градот.

Настаните се случиле истиот ден во попладневните часови. Првиот напад бил извршен околу 15:20 часот, на крстосницата на улиците „Мирка Гинова“, „Ѓорги Наумов“ и „Солунска“, каде С.С. со употреба на физичка сила ѝ ја одзел чантата на 27-годишната А.В. од Битола. Само десет минути подоцна, на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Македонска фаланга“ во правец кон селото Кравари, осомничениот на сличен начин ја нападнал и С.К. (56) од селото Кравари и ѝ ја одзел чантата. Третото разбојништво се случило веднаш потоа, на улицата „Партизанска“, каде 57-годишната Л.М. од Битола била жртва на напад, при што освен што ѝ ја одзел чантата, С.С. ја турнал и на земја.

Брзата реакција на битолската полиција довела до лоцирање и приведување на осомничениот истиот ден во 17:00 часот на улицата „Прилепска“. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно документирање на случајот.

Сите украдени предмети се пронајдени и вратени на сопственичките. Случајот е целосно расчистен, а полицијата продолжува со активности за превенција и санкционирање на вакви кривични дела.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени