МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода дилер од Штип – пронајдена дрога и предмети за нејзино пакување

30 мај 2025

• од Станча Јаќимовски

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип го лишија од слобода 34-годишниот А.С. од Штип, поради сомнение за недозволена трговија со дрога.

По претходно обезбедена судска наредба, припадници на Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип извршиле претреси во домот на осомничениот, како и на дворно место од куќа во поширокиот регион на градот. При претресите биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, за која постои сомнение дека се работи за дрога, две дигитални ваги со траги од иста материја, нож, пари, мобилни телефони и други предмети поврзани со кривичното дело.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против лицето.

Случајот е во тек, а истрагата продолжува во насока на утврдување на сите околности и можни соучесници.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени