23 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Опозициската партија Левица жестоко ги критикува најновите предлог-измени на Кривичниот законик поднесени од владејачкото мнозинство, оценувајќи дека станува збор за лажно претставување на обид за „враќање на правдата“, додека во суштина се продолжува со систематско разлабавување на казнената политика за висока корупција.
Според Левица, и покрај големото незадоволство кај јавноста поради континуираната корупција и криминал кај носителите на јавни функции, државата не само што не ги заострува санкциите, туку создава услови тие уште полесно да избегнат одговорност.
Во соопштението се потсетува на измените на Кривичниот законик од 2023 година, со кои, како што наведуваат, застареале над 80 судски предмети, меѓу кои и случаи што се однесувале на функционери и актуелни носители на јавни функции. Левица смета дека тие измени нанеле огромна штета, не само по перцепцијата за правдата, туку и директно по државниот буџет.
„Прашањето веќе не е колку предмети застареа, туку дали по тие измени воопшто ќе има некој функционер што ќе одговара“, велат од партијата.
Во февруари годинава Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на измените од 2023 година и му даде рок од шест месеци на Собранието да ги коригира спорните решенија. Тој рок, според Левица, бил пробиен, а ветувањата на власта не биле исполнети.
Судот предупредил дека доколку до последната закажана седница, на 24 декември, не се усвојат соодветни измени, ќе пристапи кон укинување или поништување на одредбите.
Наместо транспарентен и одговорен процес, од Левица обвинуваат дека власта во последен момент, на 17 декември, поднела нови предлог-измени кои повторно се туркаат по скратена постапка, без јавна расправа, експертска анализа и вклучување на стручната јавност.
Дополнително загрижува, како што велат, фактот што измените сè уште не се закажани ниту за прво читање, што отвора сомнеж дека се подготвува уште едно избрзано и нетранспарентно донесување законски решенија со далекусежни последици.
Левица укажува дека предложените измени не ги враќаат ниту старите законски решенија, ниту пак се усогласени со Кривичниот законик подготвен од експертска работна група, кој со години не е ставен во употреба.
Како спорни примери се наведуваат:
Според партијата, ваквите решенија отвораат простор за побрзо застарување, условни казни и фактичка амнестија за најтешките облици на корупција.
„Главната вистина е едноставна и непријатна – предметите намерно се чекаа да застарат“, порачуваат од Левица, додавајќи дека за измените од 2023 година постоел широк и тивок консензус меѓу тогашната власт и опозицијата.
Според нив, најновите предлози се само „обланда“ која прикрива уште поголемо разлабавување на казнената политика и отвора пат за идно амнестирање или изрекување симболични казни за висока корупција.
„Со вакви измени правдата не се спасува, туку се поништува“, заклучуваат од Левица.
Социјалната Помош и Пензискиот Фонд на Работ на Колапс – Што Да Очекуваме?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

