12 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Политичката партија Левица најостро реагираше на, како што наведуваат, скандалот поврзан со следењето на претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, откако во јавноста беше објавена видеоснимка на која тој е прикажан заедно со неговите малолетни деца.
Од Левица тврдат дека станува збор за злоупотреба на безбедносни механизми и координирана политичка операција насочена кон дискредитација и заплашување на синдикалното организирање.
Реакцијата доаѓа по изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во јавноста најави дека „ќе се виделе снимки“ од претседателот на ССМ. Набргу потоа, пратеничката Дафина Стојановска објави видео во кое Трендафилов е снимен со своите деца.
Според Левица, ваквиот редослед на настани не остава простор за случајност, туку укажува на координирана активност со цел политичка пресметка со синдикален претставник кој јавно бара повисоки плати за работниците.
Од партијата потенцираат дека посебните истражни мерки (ПИМ) во државата можат да се користат исклучиво за истраги поврзани со тешки кривични дела. Доколку, како што наведуваат, се користени тајни служби или други механизми за следење против синдикален лидер поради неговата активност, тоа би претставувало сериозна злоупотреба на државниот апарат.
Во спротивно, доколку следењето било спроведено по партиска линија со ресурси достапни преку власта, Левица оценува дека станува збор за параинституционално дејствување кое е подеднакво опасно и потенцијално кривично.
Посебно остри реакции предизвика објавувањето на видео во кое се појавуваат малолетни деца. Според Левица, тоа претставува преминување на сите морални и етички граници и обид за индиректен притисок врз синдикалниот лидер.
Од таму оценуваат дека со вакви постапки се испраќа порака дека секој кој ќе се спротивстави на власта може да биде ставен под надзор и јавно компромитиран.
Левица тврди дека барањата на синдикатите немаат партиска позадина, туку произлегуваат од економската реалност. Според нив, платите во земјата остануваат меѓу најниските во регионот и Европа, додека инфлацијата и зголемените трошоци за живот дополнително го оптоваруваат домашниот буџет.
Во такви услови, сметаат од партијата, синдикалната борба за повисоки плати е легитимна и неопходна.
Во своето соопштение, Левица упатува критики и кон пратеничката Стојановска, оценувајќи дека нејзините јавни настапи се лицемерни во контекст на дебатите за патните трошоци на пратениците.
На крајот, од партијата порачуваат дека клучното прашање за функционерите од ВМРО-ДПМНЕ не е личноста на Слободан Трендафилов, туку дали тие би можеле да преживеат со плата од 400 евра месечно – сума која, според синдикатите, е недоволна за достоинствен живот.
Џорџа Мелони им оддаде почит на илјадниците Италијанци убиени од режимот на Тито
Филипче: Врв на безобразие – нема пари за плати, а има за нов владин авион
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

