11 јуни 2025
• од Гоце Кически
Партијата Левица денеска објави дека растот на платите на функционерите е во целосен контраст со стагнацијата на платите на обичните работници. Во соопштението, тие нагласуваат дека Владата предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ нема интерес за работничкиот стандард, а истовремено продолжува да ги стимулира функционерите со уште едно покачување на нивните плати.
„Трошоците за живот растат секојдневно, но минималната плата со години останува иста. За функционерите, Владата секогаш наоѓа начин да обезбеди повеќе пари. За жал, кога се работи за обичниот работник, економските правила не важат“, соопштија од Левица.
Партијата обвинува дека власта ги минира синдикатите и работи на нивно делегитимирање, додека за новите функционерски позиции и зголемување на административните трошоци секогаш има средства.
„Власта на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ не работи за народот, туку за себе. Секое покачување што не оди на конто на работниците е уште еден чекор кон продлабочување на класната нееднаквост“, стои во соопштението.
Левица потсетува дека нивните пратеници веќе го поднеле Предлог-законот за зголемување на минималната плата на 30.000 денари, согласно барањата на синдикатите. „Народот не бара луксуз, туку егзистенција“, велат од Левица, повикувајќи ја Владата да покаже доблест и да го прифати нивниот предлог.
„Крајно време е оваа Влада, која себеси се нарекува четврта економска сила во Европа, да ја зголеми минималната плата“, додаваат од Левица.