МАКЕДОНИЈА

Кузеска: Вработените не знаат дали ќе земат плата – ова е банкрот, не економски раст

04 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

На денешната прес-конференција на СДСМ, портпаролката Богданка Кузеска остро ја критикуваше економската состојба во земјата, предупредувајќи дека Македонија се соочува со најсериозната финансиска криза од нејзиното осамостојување.

Кузеска истакна дека сите економски индикатори укажуваат на тоа дека државата е во длабока криза, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во состојба на кризен менаџмент, особено Министерството за финансии. Според неа, изостануваат исплати на поврат на ДДВ кон фирмите, кои, без ликвидност, не можат да исплатат плати и се принудени да се задолжуваат.

„Се појавуваат лажни аналитичари, а реалноста е колапс“

„Додека Мицкоски зборува за силна економија, реалноста е сосема спротивна. Буџетот е празен. Фирмите немаат поврат на ДДВ, а земјоделците ги чекаат своите субвенции со месеци,“ посочи Кузеска. Таа додаде дека најпогодени се сточарите, производителите на зеленчук и оризопроизводителите, кои немаат никаква исплата и се оставени сами да се справуваат со кризата.

Доцнење на плати – алармантен сигнал

Особено загрижувачки, според Кузеска, е тоа што платите во јавниот сектор, вклучително и во образованието, културата и дури Министерството за внатрешни работи, доцнат. „Ова е прв пат по 35 години од осамостојувањето вработени во институции да не се сигурни дали ќе ја добијат својата плата на време“, рече таа.

Капитални инвестиции под 20% – ништо не се гради

Според портпаролката на СДСМ, Владата ветувала нов економски циклус, но реализацијата на капиталните инвестиции е под 20% на половина година – најнизок резултат досега. Единствен проект кој се реализира е Коридорот 8 и 10, започнат во време на претходната влада на СДСМ.

Кредит од милијарда евра потрошен за тековни обврски

„Една милијарда евра од унгарскиот кредит, кој ќе го враќаме следните 20 години, не е искористен за проекти, туку за покривање на редовни трошоци,“ рече Кузеска, додавајќи дека тоа е директен доказ дека нема средства во буџетот за суштински развој.

Лажна слика за економски раст

Според СДСМ, економскиот раст што го презентира Владата е резултат на инфлација, а не на реално зголемување на продуктивноста, инвестициите или извозот. „Кога цените растат, расте и номиналниот БДП, но граѓаните имаат помалку. Тоа не е економски раст, туку негативен раст,“ истакна Кузеска.

„Ова е економски крах во живо“

Во заклучокот од прес-конференцијата, Кузеска праша директно: „Дали Македонија е пред државен банкрот? Дали не очекува грчко сценарио?“ Таа обвини дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалиционите партнери ВЛЕН и ЗНАМ, не ја признаваат реалната ситуација и се обидуваат да ја прикријат финансиската катастрофа.

Според СДСМ, ова не е аларм, туку директна потврда дека економскиот колапс е веќе започнат. Владата, според нив, нема план, нема визија и – нема пари.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени