МАКЕДОНИЈА

Кузеска: Сања Божиновска создаде енергетски хаос кој го плаќаат граѓаните

26 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, остро ја критикуваше работата на министерката за енергетика, Сања Божиновска, обвинувајќи ја за целосен распад на енергетскиот систем во државата во првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Кузеска изјави дека новоформираното Министерство за енергетика, под водство на Божиновска, за една година не постигнало никакви резултати – нула реформи, нула проекти. Таа истакна дека ЕСМ потфрли со 35% од планираното производство на струја за 2025 година, додека РЕК Битола и РЕК Осломеј доживеале сериозни застои во производството. Дополнително, хаваријата во рудникот Суводол, според Кузеска, сериозно го загрозила и производството и безбедноста на работниците.

„ТЕЦ Осломеј не се користи за производство, туку за партиски вработувања преку социјални мрежи“, рече Кузеска, додавајќи дека енергетската зависност е на рекордно високо ниво, а Македонија има зголемен увоз на струја повеќе од кога било.

Според податоците изнесени од СДСМ, трошоците на ЕСМ се зголемени за 1 милијарда денари, а дополнителни 400 милиони се потрошени, што на крајот резултирало со повисоки цени на струјата за граѓаните. Таа предупреди и дека хидроакумулациите се на биолошки минимум, што сериозно го загрозува производството во зимските месеци.

„Од ветувањата за нови капацитети и реформи во програмата '1198' не е реализирано ништо, а инвестицијата од 500 милиони евра за ветерници заврши како празна ливада“, посочи Кузеска. Таа нагласи дека програмите за енергетска ефикасност се целосно укинати за 2025 година, иако во претходните две години биле издвоени 325 милиони денари.

Кузеска отвори и сомнежи за можни коруптивни врски во Министерството, прашувајќи дали Божиновска има склучено договор за правни консултации со адвокат близок до ВМРО-ДПМНЕ и каква е неговата улога.

„Министерката Божиновска не е само најслабиот министер, таа е симболот на енергетскиот хаос што го живеат и скапо го плаќаат граѓаните“, заклучи Кузеска, најавувајќи дополнителни информации во следниот период.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени