13 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за вооружен напад што се случи на 10 август на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово. Во нападот, едно лице го загуби животот, а повеќе други беа тешко повредени, објави 4NEWS.mk.
Меѓу осомничените е и 15-годишно дете, родено во 2010 година, за кое обвинителството тврди дека заедно со уште еден од осомничените, со умисла, користело автоматски пушки за да го лиши од живот едно лице и да го загрози животот на други присутни. Меѓу повредените е и дете родено во 2012 година, кое било погодено во ногата.
Според обвинителството, по првичните истрели, друг осомничен и уште едно лице возвратиле со оган користејќи пиштоли. При тоа, едно лице било погодено во пределот на градниот кош, а куршуми завршиле и во возило на жена, чиј живот бил сериозно загрозен.
Јавниот обвинител за сите четворица осомничени, вклучувајќи го и малолетникот, предложи мерка притвор, која судот ја прифати.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден