МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против шест лица за злоупотреба на службена положба и постапка за јавна набавка

03 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против шест физички лица, осомничени за сериозни злоупотреби поврзани со јавни набавки во Државната лотарија на Република Северна Македонија. Пријавените се товарат за сторени кривични дела: „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

Според информациите од истрагата, првопријавениот, во својство на претседател на Управниот одбор на Државната лотарија, незаконски усвоил измена на планот за јавни набавки за 2023 година. Со измената, тој го намалил периодот на важност на договорот за изнајмување софтвер за лотариски систем на само една година, што резултирало со драстично зголемување на проценетата вредност на набавката и склучување договор со друго правно лице.

Второпријавениот, кој работел како директор на Секторот за информатички технологии, изготвил барање за измена на планот со образложение дека средствата од 12.000.000 денари не се доволни. Притоа, тој не презел никакви дејствија за раскинување на претходниот договор, иако бил свесен за неправилности во одржувањето на софтверот.

Третопријавениот, четвртопријавениот и петтопријавениот, како членови на комисијата за јавни набавки, изготвиле извештај во кој лажно се тврдело дека двете доставени понуди ги исполнуваат бараните критериуми, иако тоа не било точно.

Последните двајца пријавени, во име на двете правни лица кои учествувале во набавката, склучиле договор за заедничка понуда. Во договорот било наведено дека едното правно лице ќе обезбеди развиен софтвер за лотариски систем и банкарска гаранција. Сепак, тие не ги исполниле договорените услови и барања.

Како резултат на преземените незаконски дејствија, двете правни лица се стекнале со противправна имотна корист во износ од 11.870.754 денари.

Истражните органи продолжуваат со постапката со цел целосно расчистување на случајот и утврдување на кривичната одговорност на сите инволвирани страни.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени