МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против директорката на АР: Мицкоски разузнава, иако не смее

27 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, е мета на нова кривична пријава поднесена до Јавното обвинителство, со обвиненија дека по наредба на премиерот Христијан Мицкоски вршела внатрешна контрола во институцијата и доставувала класифицирани информации до Владата. Според пријавата, таа му ги открила на премиерот псевдонимите на соработници на Агенцијата, кои потоа биле јавно изнесени од страна на Мицкоски. За овие активности, Јаковлева воопшто не ја информирала претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ја именуваше на функцијата и под чија надлежност е АР.

Кривичната пријава, поднесена од група студенти од Факултетот за безбедност – Скопје, содржи обемна анализа на повеќе од десет страници и посочува четири потенцијални кривични дела: злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење, издавање службена тајна и злоупотреба на државна, службена и воена тајна.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја препратило пријавата до Основното јавно обвинителство Скопје поради надлежност, и според информации од таму, веќе се постапува по неа.

Во пријавата се бара да се утврди каков класифициран извештај бил доставен од Агенцијата до Владата, дали содржел псевдоними и идентитети на соработници и вработени, како и дали биле презентирани неточни информации во документот. Обвинителите треба да испитаат и дали извештајот лажно претставувал дека постоело тајно следење на премиерот, со цел да се создаде погрешна слика пред Владата и јавноста.

Премиерот Мицкоски во свое интервју за емисијата „360 степени“ самиот изјави дека не постоело тајно следење, со што индиректно ги потврди сомнежите наведени во пријавата дека извештајот можеби бил фалсификуван – што отвора ново можно кривично дело: фалсификување службена исправа.

Пријавата упатува на неколку членови од Законот за Агенцијата за разузнавање, со кои се утврдува дека Владата нема овластување да бара внатрешна контрола или да добива класифицирани податоци од Агенцијата. Според член 7 став 5 од Законот, само директорот на АР може да издаде наредба за внатрешна контрола. АР е самостоен орган под директна надлежност на претседателот, и Владата во законот се споменува само петпати – и тоа во сосема поинаков контекст, без право на интервенција во работата на Агенцијата.

Со оваа пријава се отвора сериозно прашање за нарушување на уставниот поредок и поделбата на надлежности меѓу институциите. Случајот дополнително ќе ја тестира независноста на Јавното обвинителство и институционалната отчетност во сферата на националната безбедност.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени