21 јануари 2026
• од Гоце Кически
Поранешниот министер за правда, Кренар Ллога, информираше дека на официјалната платформа на Министерството за внатрешни работи (МВР) ги пријавил сите лица, како и вистинските и лажните профили, кои користеле говор на омраза, насилство, расизам или други слични форми на навредување.
Во својата јавна објава, Ллога наведе дека пријавите се однесуваат на содржини што поттикнуваат нетрпеливост и закани, нагласувајќи дека ваквото однесување не смее да остане несанкционирано во јавниот простор, особено на социјалните мрежи.
„Останува надлежните органи да ги лоцираат и соодветно да ги санкционираат истите“, истакна тој, додавајќи дека институциите имаат јасна законска обврска да постапуваат по вакви пријави.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

