26 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство Скопје покрена кривична постапка против 60-годишен маж, осомничен за тешка кражба на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје. Инцидентот се случил кога осомничениот, искористувајќи невнимание на пациент од велешко, му одзел 300 евра и 28.000 денари од џебот додека пациентот чекал терапија.
Кражбата била пријавена веднаш по нејзиното откривање, а благодарение на снимките од безбедносните камери, крадецот бил идентификуван. Според Обвинителството, се работи за лице кое и претходно било осудувано.
Поради сериозноста на делото – извршено во здравствена установа во момент кога бројни пациенти во тешка здравствена состојба чекале терапија од животно значење – јавниот обвинител побара мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати барањето и на осомничениот му беше изречен притвор.
Институциите потсетуваат дека ваквите дела, особено кога се извршуваат во установи каде што пациентите се ранливи, претставуваат сериозен прекршок и ќе се третираат со најголема строгост.
Срамни услови во Скопје – Жестока критика од Италијанската теквондо федерација