МАКЕДОНИЈА

Костовски: За Кочани мора да има правда – без заштита на блиските до власта

17 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Организациониот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, упати силна порака за одговорност и правда во врска со трагедијата во Кочани, каде 62 млади лица го загубија животот. Во гостување во емисијата „Што мисли народот“ на телевизија Стар од Штип, тој изјави дека „селективна правда не е правда, тоа е неправда“ и истакна дека СДСМ бара целосно и непристрасно процесирање на случајот, без заштита на лица блиски до власта.

Костовски нагласи дека оваа трагедија не е локален, туку национален удар кој треба да послужи како аларм за потребата од сериозен „ресет на системот“ – не само во правосудството, туку и во образованието, здравството, воспитувањето и начинот на живеење во земјата.

„Ако не започнеме со темелни реформи, државата нема светла иднина“, предупреди тој, додавајќи дека СДСМ и нејзиниот претседател Филипче први подале рака за системски ресет, но оти без волја за соработка од власта, тоа ќе биде невозможно.

Во врска со поддршката за семејствата на жртвите, Костовски информираше дека СДСМ поднел закон за финансиско обештетување во износ од 80.000 евра по семејство – средства наменети за психолошка и здравствена поддршка. Тој остро ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ за тоа што не го поддржале законот, иако, како што рече, „граѓаните сами си купуваат завои, а државата не презема ништо“.

„Сега, кога е најтешко, кога е време за ресет на системот и општеството во целина, СДСМ ќе го носи бајракот напред“, порача Костовски, потенцирајќи ја подготвеноста на неговата партија за искрен и одговорен пристап кон реформите што следат.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени