14 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Македонската филхармонија, ќе се одржи свечена гала вечер по повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Настанот е под покровителство на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој ќе се обрати пред присутните гости.
Според поканата упатена до медиумите од електронската адреса на Министерството за животна средина, на сцената ќе настапи светски познатиот оперски тенор Раме Лахај.
Раме Лахај, 41-годишен уметник од градот Исток, Косово, е еден од првите косовски оперски пејачи што настапувале во најпрестижните оперски куќи ширум светот, споделувајќи ја сцената со легенди од рангот на Пласидо Доминго. Неговата биографија открива дека детството го минал во услови на тоталитарен режим, а на само 15 години бил сведок на избувнувањето на косовската војна.
Лахај е првиот косовски уметник кој и пред и по војната успеал да настапи на најголемите светски оперски сцени. Во 2016 година, токму Пласидо Доминго му ја додели најпрестижната награда на Светскиот оперски натпревар „Опералија“. На професионалната сцена е активен од 2010 година, а неговите настапи се одликуваат со техничка прецизност и емоционална длабочина.
Како дел од програмата за одбележување на 24-годишнината од Охридскиот рамковен договор, претходно денеска се одржа и свечена владина седница. На неа се обратија премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити.
Мицкоски испрати порака за единство и продолжување по патот на мирот и заедништвото, додека Меџити апелираше Уставниот суд да го толкува Уставот согласно неговиот дух, а не буквално. Настаните денеска се потсетник на историското значење на Рамковниот договор и неговата улога во градењето на меѓуетничкиот соживот во државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден