26 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Косовската Агенција за храна и ветеринарство (AHV) денеска објави привремена забрана за увоз на живи овци и кози од Северна Македонија. Причината за оваа мерка е потврдата за присуство на болеста „син јазик“ кај добитокот во соседната земја.
Според AHV, мерката е воведена како превенција од ширење на заразата во Косово. Сточарите се повикани да ги држат своите стада под надзор, да избегнуваат нивно движење кон граничните подрачја со Северна Македонија и да се воздржат од контакт со животни од таа земја.
„Синиот јазик“ е вирусна болест што најмногу ги погодува овците, а во помала мера и козите и говедата. Иако предизвикува сериозни последици кај добитокот, болеста не се пренесува на луѓето, ниту пак од едно животно на друго со директен контакт.
AHV ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и ќе ги информира јавноста и земјоделските стопанства за понатамошните мерки.