13 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Пратеникот од коалицијата ВЛЕН, Беким Ќоку, остро реагираше на изјавите и дејствувањето на претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, Дарко Костадиновски, обвинувајќи го дека е дел од, како што вели, „заробен и расипан“ правосуден систем во државата.
Според Ќоку, Костадиновски претставува типичен пример на остаток од судски систем кој со години бил изграден и заштитуван од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Тој додава дека правосудството во Северна Македонија денес се наоѓа меѓу најкорумпираните во Европа.
Пратеникот истакнува дека Костадиновски бил избран во времето на претходниот парламентарен состав, период кој, според него, се карактеризирал со силно политичко влијание врз институциите, при што политиката одлучувала кој ќе ја толкува Уставот.
Ќоку потсети и дека поранешниот претседател на Уставниот суд денес е пратеник во редовите на ДУИ, додавајќи дека со вакви стандарди не би било изненадување доколку и Костадиновски во иднина се најде на нивните пратенички листи.
Тој нагласува дека личности кои, според него, се неспособни и штетни за општеството, не треба да раководат со толку важни институции.
„Шовинистот Дарко Костадиновски уште повеќе го валка ова судство кое едвај се одржува на нозе“, се наведува во реакцијата на пратеникот Беким Ќоку.
Беким Фазлиу: Ако „Фармата на животните“ беше за РСМ, ќе имаше и Уставна штала
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

