21 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија испрати силна дипломатска нота и јавно предупредување до македонските институции, поради средбата која потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, заедно со уште двајца пратеници, ја оствариле со делегација од „Претставништвото на Тајпеј во Италија“.
Во отвореното писмо, кинеската амбасада го оцени овој потег како „тежок и погрешен чин“ кој директно го крши принципот „Една Кина“, на кој Македонија се обврза при воспоставувањето на дипломатските односи со Пекинг. Според амбасадата, ваквите активности не само што ја поткопуваат политичката основа на билатералните односи, туку испраќаат и „опасен сигнал“ до сепаратистичките сили што се борат за независност на Тајван.
Кинеската страна потсетува дека Тајван „е и ќе остане дел од Кина“, повикувајќи се на низа историски и правни документи – од Каирската декларација и Потсдамската прокламација, до резолуцијата 2758 на Обединетите нации. Според Пекинг, овие документи го решиле прашањето „еднаш засекогаш“.
Во реакцијата се нагласува дека Македонија во 1993 и 2001 година формално потврдила дека го признава Пекинг како единствена легитимна кинеска влада и дека нема да воспоставува официјални односи со Тајван. Затоа, Кина смета дека Милошоски свесно ги игнорирал овие јасно дефинирани обврски.
Амбасадата предупредува дека ваквите чекори може да предизвикаат „сериозна штета“ врз билатералните односи, економската соработка и меѓународниот углед на Македонија. Со остар тон, Пекинг го повикува Милошоски да се праша дали неговите постапки ја претставуваат волјата на граѓаните и дали Македонија може да си дозволи да ги игнорира „основните интереси и чувствата на над 1,4 милијарди кинески граѓани“.
Пекинг ја потсетува македонската страна дека прашањето за Тајван е „недопирливо“ и претставува суштинско прашање на национален суверенитет. Амбасадата порача дека „никој не треба да ја потцени решителноста и силата на кинескиот народ“, додавајќи дека Кина нема да толерира чекори што ги смета за мешање во нејзините внатрешни работи.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

