17 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Познатиот писател од Северна Македонија, Ким Мехмети, во својот став објавен деновиве остро ја критикува состојбата во земјата, опишувајќи ја како „држава на нејаснотии, лаги и чуда“ која тешко може да стане нормална држава.
„Република Северна Македонија е држава на нејаснотии. Сѐ уште не се знае точниот процент на Албанците – дали се навистина над 40 отсто или пак имаат политичка тежина помала и од Ромите“, пишува Мехмети.
Тој ја доведува под прашање и самата идентитетска определба на Македонците: „Не е јасно дали оние што денес себеси се нарекуваат Македонци се наследници на Јужните Словени или потомци на Александар Македонски и неговите војници кои ја освоиле Вавилонија.“
Во својата анализа, Мехмети наведува дека и Македонците и Албанците често играат двојни улоги. „Албанците јавно велат дека ја сакаат оваа земја и Македонците во неа, но во приватни разговори признаваат дека е тешко да сакаш држава што на секои четири години те враќа четириесет години наназад“, нагласува тој.
Од друга страна, според него, „Македонците се претставуваат како градители на еднаква држава за сите, но зад затворени врати велат дека држава во која мора да се делат со Албанците не им треба, освен ако Албанците не останат тоа што ним им е потребно: дрвари, овчари и градинари“.
Најостриот дел од критиката на Мехмети е насочен кон политичките елити. „Елитите во Македонија главно се составени од Бугари и од православни Албанци кои се асимилирани и ‘србизирани’. За да ја прикријат својата вистинска етничка припадност, тие се покриваат со жестока омраза кон Бугарите и Албанците“, пишува тој.
Заклучокот на писателот е песимистички: „Бидејќи Македонија е татковина на нејаснотиите, лагите и чудата, таа по ништо не наликува на нормална држава. И тешко дека некогаш ќе стане вистинска држава, во која никој нема да мора да се лаже себеси или да ги лаже другите.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден