25 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Писателот и аналитичар Ким Мехмети во подкастот „Коридор 8“ изјави дека најголемиот проблем на Македонија не е почетокот на преговорите со Европската Унија, туку нерешените внатрешни односи меѓу етничките заедници, пред сè меѓу Македонците и Албанците.
Според Мехмети, државата веќе три и пол децении не успева да ги расчисти своите внатрешни односи, поради што постојано се враќа во ист политички и општествен ќорсокак. „Македонија нема иднина затоа што нема сегашност. По секои избори се враќаме на истата приказна, без суштински напредок“, истакна тој.
Мехмети нагласи дека Македонија никогаш не смогнала сила искрено да се соочи со самата себе и со реалноста дека државата не може да биде исклучиво желба на етничките Македонци, но ниту пак само на Албанците. „Оваа земја може да опстане само како заедничка куќа, изградена по договор“, рече тој.
Во таа насока, Мехмети ја употреби метафората на државата како компанија, во која јасно се знае кој што вложува, кој што добива, но и дека секој мора да прифати дека нешто ќе загуби за да се добие заедничка стабилност. „Без договор, нема стабилна држава. Без внатрешна согласност, европската перспектива останува празна форма“, додаде тој.
Тој оцени дека фокусот на јавноста и политиката премногу долго е насочен кон надворешни прашања, додека суштинските разговори меѓу етничките заедници остануваат недовршени. „Македонија не ги завршила внатрешните разговори меѓу етнитетите што живеат тука“, истакна Мехмети.
Изјавите на Ким Мехмети во подкастот „Коридор 8“ повторно ја отвораат дебатата за потребата од искрен и рамноправен дијалог меѓу Македонците и Албанците, како предуслов за функционална држава и реална иднина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

