Казнети скоро 900 возачи за еден ден низ цела С. Македонија
Во текот на вчерашниот ден, 8 април, полициските службеници на територијата на целата држава изрекоа вкупно 895 сообраќајни казни во рамки на интензивните контроли спроведени од страна на сите осум Сектори за внатрешни работи. Контролите се спроведени врз основа на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и Законот за возила (ЗВ).
Најголем дел од прекршоците – 299 – се однесуваат на непрописно паркирање, додека веднаш зад нив, со 273 случаи, е непочитувањето на ограничувањата на брзината. Сериозен број прекршоци се евидентирани и кај возачите без возачка дозвола – 67, како и кај оние кои не користеле сигурносен појас – 54. Во 21 случај е утврдено користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани се и 11 пешаци за различни прекршоци.
Дополнително, полицијата евидентирала и 9 случаи на минување на црвено светло, 12 возачи управувале возило под дејство на алкохол, 17 возила биле нерегистрирани, а 7 се покажале како технички неисправни.
Надлежните најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови со цел зголемување на безбедноста на патиштата. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заеднички да придонесеме за побезбеден и посигурен сообраќајен систем.