03 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Тетово и околните села се соочуваат со сериозна временска состојба поради екстремно ниските температури кои предизвикаа појава на мраз на коловозите и тротоарите. Лизгавите улици значително го зголемија ризикот од сообраќајни незгоди и повреди, поради што надлежните упатија апел за зголемена внимателност.
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови, ниту со возило ниту пешки, освен во најитни случаи. Според него, состојбата на патиштата е исклучително опасна.
„Патиштата се многу лизгави, веќе се евидентирани бројни сообраќајни несреќи и постои реален ризик по животите и безбедноста на граѓаните“, истакна Касами, додавајќи дека е неопходно сите да покажат одговорност и трпение додека траат неповолните временски услови.
Надлежните служби се на терен и работат на расчистување и посипување на критичните делници, но апелираат граѓаните да ја следат состојбата и официјалните соопштенија, со цел да се избегнат несакани последици.
Поднесено обвинение за злоупотреби и измами при јавни набавки во РЕК Битола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

