24 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, жестоко ја критикуваше актуелната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја за недостаток на конкретни резултати и за влошување на економската и социјалната состојба во земјата. Во интервју за емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, таа истакна дека наместо да се фокусира на решавање на реалните проблеми на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се занимава со создавање конфликти и поделби.
„Животниот стандард на граѓаните е намален за 20% споредено со претходниот период. Наместо напредок, гледаме назадување во економијата, во безбедноста, па дури и во основните обврски на државата – како исплатата на плати“, рече Каранфилова Пановска.
Таа посочи дека ова е првпат една влада да не успее навреме да исплати плати за администрацијата уште во својата прва година од мандатот. Дополнително, ја обвини владата дека не го враќа данокот на додадена вредност (ДДВ) кон бизнис секторот, што според неа, дополнително го отежнува стопанството.
Каранфилова Пановска го критикуваше и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за линеарно покачување на пензиите за 1.000 денари, оценувајќи го како популистички потег кој, како што рече, не е во вистински интерес на над 95% од пензионерите.
„Во немоќ да ги решаваат вистинските проблеми, сè што прават е повторување на истите небулози од нивната партиска говорница трипати дневно“, изјави таа.
Со овие коментари, Каранфилова Пановска ја потенцира неспособноста на актуелната влада да обезбеди стабилност и просперитет, обвинувајќи ја за неспроведување на вистински реформи и за поткопување на довербата на граѓаните.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден