10 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Една цела година е залудно потрошена за решавање на проблемот со загадената вода во велешкото Езеро Младост, предупредува д-р Флорентина Ристовска-Шурбевска, микробиолог и поранешна директорка на Центарот за јавно здравје во Велес. Според неа, во изминатиот период барем можело да се исчистат трската, скапаните дрвја од крајбрежјето и алгите од површината, со што би се намалила штетата.
Поради зголемените температури и присуството на минерали, во езерото се развиваат модрозелени алги во големи количини. Тие создаваат биомаса што ја менува бојата и матноста на водата, ја намалува количината на растворен кислород и предизвикува угинување на микроорганизмите и рибите. Иако досега не е забележан масовен помор, риболовците пријавиле повеќе случаи на угинати примероци.
Ристовска-Шурбевска објаснува дека ако изумрениот биолошки материјал не се отстрани, тој се таложи на дното и го забрзува процесот на стареење на езерото, претворајќи го во мочуриште. Причина за ова е зголеменото присуство на азот и фосфор, кои пристигнуваат од сливното подрачје поради човечка активност.
Новите анализи потврдуваат дека водата од езерото не е безбедна за капење, наводнување, полевање и рекреација, поради присуството на биомаса и потенцијални цијанотоксини. Иако е познато дека има цијанобактерии, не е извршена анализа за да се утврди дали тие лачат токсини. Една таква проверка, со четири параметри, чини 110 евра во Институтот за јавно здравје во Белград.
Микробиолошките испитувања од Центарот за јавно здравје Велес покажуваат дека на трите плажи нема фекално загадување, но физичко-хемиските анализи откриваат високо ниво на амонијак – резултат од распаѓањето на алгите и трските.
Владата има издвоено 10 милиони денари за решавање на проблемот, предвидени за бушотини за дотур на вода, чистење на површината и промена на вентилот на браната. Општина Велес обезбеди дополнителни три милиони денари за чистење на коритото на Отовичка Река.
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода