МАКЕДОНИЈА

Инженери на Македонија: РКЕ ја штити ЕВН со фактурирање на измислена струја

19 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Здружението „Инженери на Македонија“ остро ја обвини Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за системско толерирање на прекршувања на законите од страна на енергетската компанија ЕВН. Според нив, РКЕ не само што не го исполнува својот мандат да врши надзор над пазарот, туку активно го штити енергетскиот оператор, дозволувајќи му да фактурира непостоечка и непроверлива потрошувачка на електрична енергија.

Во фокусот на критиката е член 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија, кој, како што тврдат од Здружението, дозволува издавање на фактури без реален основ — дури и кога постојат точни податоци од мерниот уред. Тие потенцираат дека овој член е во директна спротивност со член 185 од новиот Закон за енергетика, кој стапи во сила на 29 мај годинава.

„Во нашата претставка до РКЕ побаравме итно укинување на членот 31, вонреден надзор над ЕВН, јавен повик до граѓаните за пријавување на незаконски фактури и одговорност од страна на ЕВН за континуираното прекршување на законските обврски“, истакнуваат од Здружението.

Според нив, одговорот на РКЕ е „типичен пример на институционална покорност“ и уште еден доказ за нефункционирањето на регулаторниот систем. Наместо да го суспендира членот 31, РКЕ одлучила да го остави во сила сè додека не се донесат нови подзаконски акти – одлука која, според Инженерите, претставува отворено кршење на Уставот и законите на државата.

„Без реално отчитување нема основа за реална фактура. Секое фактурирање без валиден податок од мерниот уред – освен во случаи на технички дефект – е спротивно на Законот за енергетика, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за облигациони односи и самиот Устав“, предупредуваат од Здружението.

Дополнителен проблем е што РКЕ, во обид да ја оправда практиката, се повикува на обврските на МЕПСО – операторот на преносниот систем – иако, како што појаснуваат од Здружението, предметот на претставката се однесува на мерење и фактурирање на електрична енергија за домаќинства, што е исклучива надлежност на ЕВН Електродистрибуција и ЕВН Хоум.

„Ова или укажува на правна и техничка некомпетентност, или на свесен обид за префрлање на одговорноста. И тоа од регулатор во чиј состав има член со стручно образование токму во областа на енергетското право“, додаваат „Инженери на Македонија“.

Здружението исто така ја обвинува РКЕ дека ја минимизира својата независност, обраќајќи се до Министерството за енергетика за „мислење“, наместо да постапува согласно својата законска надлежност.

„РКЕ е независно тело според член 46 од Законот. Таа не смее да бара мислење за да избегне одговорност. Законот важи таков каков што е, и само Собранието има право на негово толкување“, велат од Здружението.

„Инженери на Македонија“ бараат итна суспензија на член 31, вонреден надзор над ЕВН и запирање на практиката на фактурирање базирана на измислена потрошувачка. Во спротивно, најавуваат дека ќе преземат и други граѓански мерки за да го натераат системот да го почитува законот и да ги заштити правата на потрошувачите.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени